3 јуни, 2025
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград  – Милијардерот и основач на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс  има речиси двојно поголемо богатство од износот на српскиот БДП, пишува „Блиц“. БДП на Србија во 2012 година изнесуваше 29,6 милијарди евра, додека 58-годишниот Гејтс поседува 54,5 милијарди. Благодарение на растот на вредноста на акциите на неговата компанија на берзата, тој повторно изби на прво место на листата на најбогатите на „Форбс“.

Белград – Даночната управа на Србија откри непријавен имот вреден околу 950 милиони динари (8,2 милиони евра), пишува новосадски „Дневник“. Откако пред една година почна проверка на имоти вредни над 35 милиони динари (303.000 евра), даночниците имаат полни раце работа. Своето богатство поголемо од наведениот износ досега го пријавиле 3.807 граѓани.

Белград – Српскиот економист Милојко Арсиќ оцени дека евентуалното дополнително комплицирање на односите меѓу Русија и Украина може негативно да влијае на економијата на Србија. – Ако односите меѓу Русија и Украина се искомплицираат, може да се одложи реализацијата на меѓународниот гасовод „Јужен поток“, рече Арсиќ на презентацијата на „Квартален монитор“, списание кое го издава Фондацијата за развој на економски науки (ФРЕН).

Загреб – Хум на Сутла, мало место 50 километри северозападно до Загреб, е вистинско хрватско стопанско и демографско чудо. Жителите на ова место не ги уништи хрватската приватизација, стапката на невработеноста е околу два отсто, наталитетот е висок, а фирмите вработуваат цели групи, се наведува во репортажа на ХРТ.

Загреб – Концернот „Агрокор“ постигна договор со руската „Сбербанка“ и нејзината филијала во Европа за кредит во износ од 600 милиони евра. Информацијата ја објавија неколку фирми од составот на „Агрокор“, чии акции котираат на Загрепската берза и кои се гаранти за тој кредит. Заемот на „Агрокор“ е одобрен со краен рок на отплата до 7 години од денот на склучување на договорот, се наведува во соопштението на фирмите од составот на „Агрокор“.

Вараждин – Во хрватскиот град Вараждин пуштен е во работа првиот „јајцемат“, на кој можат да се купат свежи јајца од една фирма во околината на градот. Се работи за уред со чија помош граѓаните со уфрлување на монети и банкноти можат да купат свежи јајца од една семејна живинарска фарма во околината на овој град. Вараждинската жупанија со 12.000 куни (1.600 евра) помогна во набавка и поставување на „јајцематот“, а тоа е дел од политиката за помош на семејства кои сакаат да работат и да живеат од земјоделство.

Загреб – Одредни одредби од договорот на некогашна СРЈ и Хрватска за социјалното осигурување одат на штета на пензионерите од српска националност, со што околу 47.000 луѓе останаа без пензии. Здружението на пензионери од Хрватска покрена иницијатива за регулирање на примената на договорот за социјално осигурување потпишан меѓу СР Југославија и Хрватска.

Љубљана – Фармацевстката индустрија „Крка“ од Ново Место е најголема извозна фирма во Словенија на табелата која ја објави весникот „Дело“. „Крка“ во 2013 година од извоз заработила 1,11 милијарди евра, што е околу пет отсто од вкупниот словенечки извоз. На листата на најголеми извозници на второ место е компанијата „Горење“, чиј извоз бил 664 милиони евра, по што следат автомобилската индустрија „Ревоз“, групата „Сиј – Словенечка индустрија за челик“ и групата „Импол“.

Москва – Одливот на капиталот од Русија е забрзан во првиот квартал од оваа година, достигнувајќи поголема вредност од цела 2013 година,  изјави рускиот заменик министер по економија Андреј Клепач. Според него, поради настаните на Крим, од Русија во првиот квартал од оваа година излегол капитал во вредност од 65 до 70 милијарди долари. – Заладувањето на односите со Западот изгледа дека има големо негативно влијание на стопанскиот раст и игра важна улога во одливот на капиталот, потенцира Клепач.

Вашингтон – Мнозинскиот сопственик и директор на „Фејсбук“ Марк Цукерберг во само еден ден загуби 1,3 милијарди долари на берзата, јави „Форбс“. Цукерберг, моментно е најголем губитник меѓу милијардерите, а следат Лари Пејџ извршен директор на „Гугл“ со загубени 927 милиони и Џеф Безос од „Амазон“ со загуба од 736 милиони долари. Цукерберг загуби пари бидејќи акциите на „Фејсбул“ паднаа за 4,6 отсто на берзата НАСДАК.

Сиетл – Ланецот кафетерии „Старбакс“ планира во своите објекти да ја зголеми понудата на пиво и вино во вечерните часови. Се очекува илјадници кафетерии на „Старбакс“ да воведат продажба на алкохол во следните неколку години во вечерните часови, соопшти компанијата. „Старбакс“ првпат во понудата воведе алкохол во 2010 година во еден објект во Сиетл и тоа само по 16 часот. Проектот наречен „Старбакс ивнингс“ се покажа успешен, па е покренат во уште 26 кафетерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП