7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook го купи Oculus VR

Facebook го купи Oculus VR

Facebook Oculus,

По потрошените 19 милијарди долари за „WhatsApp“, „Facebook“ направи уште едно купување. Имено, оваа друштвена мрежа ја купи „Oculus VR“, компанија која се занимава со развој на технологија за виртуелната реалност.

Овој пат Цукерберг ќе плати „нешто помалку“, околу две милијарди долари, а нивниот производ „Oculus Rift“ е најнапредниот уред за создавање на виртуелната реалност.

„Кога ќе го ставите уредот на глава, влегувате во вештачко, компјтерски генерирано опкружување, како на пример, компјутерските игри, сцени од филмови или некои далечни места. Неверојатно е тоа што се чувствувате како да сте на некое друго место. Луѓето кои го имаат тестирано уредот велат дека искуството е различно од било што друго што го имаат доживеано“, вели Марк Цукерберг.

Компанијата „Oculus“ првите пари ги собра во 2012-та година, преку „Kickstarter“ кога добија 2.3 милиони долари.

Трансакцијата би требала да биде затворена во вториот квартал од 2014-та година, така што „Facebook“ ќе исплати 400 милиони долари во готово, а останатото во сопствени акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП