6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony не го сака Android Wear

Sony не го сака Android Wear

sony platforma

„Sony“ во своите производи нема да ја користи платформата на „Google“ – „Android Wear“. Производителот се одлучи за сопственото решение, платформата „SmartWatch“.

Имено, како што пренесуваат одредени медиуми, во „Sony“ веќе вложиле време и ресурси во „SmartWatch“, т.е. ќе продолжат во таа насока. Нормално, соработката со „Google“ во областа на преносната електроника не е во целост исклучена, а како што велат од компанијата ќе ги евалуираат можностите на повеќе различни области.

Исто така, ниту „Samsung“ досега не се изјасни за можното користење на „Android Wear“. Иако компанијата во првото издание на паметниот часовник „Galaxy Gear“ користеше „Android“, во новата верзија се одлучи за „Tizen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП