29 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСупериорен звук, удобност и стил!

Супериорен звук, удобност и стил!

mdr-naslov

НОВИТЕ MDR-ZX и MDR-EX аудио слушалки се одличен партнер на вашиот смартфон или дигитален музички плеер 

Дали сакате да уживате во музика и само музика? Пролетната линија слушалки од Sony се состои од единаесет најнови MDR-ZX и MDR-EX модели, усовршени за поудобно носење при подолго слушање на вашата омилена музика, овозможувајќи динамичен, моќен и прецизен звук. Дел од моделите се со вграден микрофон/далечинско, за полесни телефонски разговори.

MDR-ZX серија слушалки за на глава

Овие луксузни MDR-ZX750BN Bluetooth® безжични слушалки за на глава  поседуваат извонредната звучна изолација, функција за исклучување на шумови и практични опции за поврзување и за безжично слушање.

Само ставете ги лесните и удобни MDR-ZX750BN и едноставно ќе добиете моќен дигитален звук од вашиот смартфон, таблет или од вашиот компјутер преку Bluetooth® врска. Доколку имате Xperia™ смартфон, таблет или кој било друг NFC уред поврзувањето ќе биде уште полесно. Само допрете ги  слушалките со вашиот мобилен уред и безжичната врска веднаш ќе се воспостави.

MDR-EX110

Удобните, обложени со перничиња слушалки за на глава, со пречник на звучникот од 40mm, осигуруваат јасен и детален звук со широк опсег на динамиката. Вашето доживување ќе биде уште посилно со функцијата за исклучување на дигиталните шумови при што надворешните звуци се блокираат до 98%, отстранувајќи ги надворешните влијанија за непречено слушање, притоа и вашите уши се заштитени од студот во свежите пролетни денови. Вградената литиум – јонска батерија на полнење, овозможува до 13 часа, непрекинато безжично слушање со опцијата „исклучени шумови“[i]. Слушалките воедно имаат и вграден микрофон, кој ви овозможува брзо да преминете од слушање музика на телефонски разговор, додека сте во движење.

Достоен наследник на мега популарните MDR-ZX300, тенките, лесните MDR-ZX310 го надградуваат сè она по што нивниот претходник стана  познат ширум светот. Тие се одличен избор за едноставно секојдневно аудио доживување со одличен квалитет на звукот и практичен дизајн за нивно лесно превиткување и пакување во вашите патни торби. Звучниците од 30mm со своите моќни магнети ги оживуваат басовите, средните и високите тонски линии. Каде и да сте, надвор во движење или се одморате дома, ќе уживате во добро балансираниот звук на сите видови музика.

Уште еден, истакнат претставник на Sony слушалките за на глава е моделот MDR-ZX610AP, достапен во 4 различни бои. Опремени со моќни 40mm звучници од неодимиум, новите слушалки овозможуваат да ја слушнете секоја нота со исклучителна јасност и висока сензитивност.

Доколку ги користите MDR-ZX610AP со вашиот смартфон, со бесплатната апликација Smart Key која е достапна преку Google Play – можете да ги проширите вградените функции на слушалките, како што се далечинската контрола и микрофонот. Можете и да ги прилагодите овие функции, за да управувате со одговарањето на телефонските повици и слушањето на музиката, онака како што вам ви одговара.

MDR-ZX310_1

MDR-EX серија на слушалки за во уво

Пролетната линија на Sony слушалките за во уво е предводена од MDR-EX650AP. Новиот дизајн се карактеризира со 12mm EX звучник кој е реконструиран за поудобно носење и поголем квалитет на звукот.

Чист месинг е користен за куќиштата и за новата проширена звучна патека кај слушалките MDR-EX650AP. Користен и кај трубата, саксофонот и останатите лимени дувачки инструменти, оваа легура на бакар и цинк музичарите особено ја ценат заради густината, блескавиот изглед и акустичните својства. Иако потежок од алуминиумот, ги спречува несаканите вибрации и резонанции, обезбедувајќи чиста, необоена, репродукција на средните и високите фреквенции. Слушалките  со вграден микрофон/далечинско управување, овозможуваат полесно користење на вашиот смартфон – „hands-free”.

Со разнобојните MDR-EX110 и EX15 ќе добиете повисок квалитет на звукот од вашиот дигитален музички плеер во однос на слушалките кои одат со нив во комплет, по достапна цена. Тие се исто така достапни и во ‘AP’ верзии со вграден микрофон/далечинско за полесни телефонски разговори.

Новата линија на разнобојни слушалки на Sony од сериите МDR-ZX и MDR-EX ќе биде достапна на пазарот во Европа, од април оваа година.



[i] Исклучувањето на шумовите е опција која ги редуцира звуците на околината и овозможува потивка средина за поголемо аудио доживување. Преку внатрешен микрофон во секое ушно делче со струјно коло се креираат спротивни аудио бранови, за да ги намалат брановите. Звуците на околината се намалени преку спојот со звукот на спротивната фаза создадена од колото за исклучување на шумовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП