26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите во Америка ја намалуваат прогнозата за првиот квартал

Компаниите во Америка ја намалуваат прогнозата за првиот квартал

berza1

Претставници на голем број компании чии акции влегуваат во составот на американскиот индекс на акции Стандард енд Пурс 500 (С&П) ги намалија финансиските прогнози за своите фирми во првиот квартал оваа година.

Во анкетата 63 компании укажаа дека очекуваат лоши финансиски показатели во тековниот квартал во однос на претходните проценки, додека претставници на 17 фирми изразија оптимизам и изјавија дека се надеваат на подобар биланс отколку во последното тримесечје 2012.

Толку голема разлика меѓу бројот на фирми кои изразуваат песимизам во однос на оние кои се оптимистички настроени, не е забележана од 2006 година.

Истражувањето на њујоршкиот економски весник „Волстрит џурнал“ покажува и дека инвестициското расположение во американските компании станува се попроблематично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП