28 март, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Подгорица – Изградбата на оптичкиот подморски кабел меѓу Црна Гора и Италија, вреден 700 милиони евра, наскоро треба да почне. Имено, црногорскиот електропреносен систем ЦГЕС доби дозвола за изградба на трафостаница во Ластва Грбаљска за пренос на електрична енергија на 400 киловолтниот далновод до Плевлја и 500 киловолтниот оптички подморски кабел до Италија. Дозволата ја издаде Министерството за одржлив развој, а изградбата на кабелот наскоро треба да почне, пушува подгоричкиот весник Дан.

Пекинг – Кинеската преработувачка активност во март беше на најниско ниво во последните осум месеци, што е нов показател за успорување на второто светско стопанство. Прелиминарниот индекс на менаџери за набавка ПМИ, кој го пресметува банката ХСБЦ и кој ја мери активноста на кинеските фабрики и работилници, падна овој месец на 48,1 од 48,5 поени од февруари и тоа е најлош резултат од јули 2013 година, кога индексот изнесувал 47,7 поени. Кинескиот ПМИ внимателно е следен показател за здравјето на азискиот економски џин, како и клучен покренувач на глобалниот стопански раст. Секој резултат над 50 поени укажува на раст, а под 50 поени на пад на секторските активности.

Белград – Сопственикот на МК групата Миодраг Костиќ вели дека на странците не треба да се забрани да купуваат земјиште во Србија, бидејќи од сопственоста многу поважно е колку се произведува. – Треба да се отвори врата, бидејќи тој што ќе дојде во Србија не дошол да купува земја како што купува антиквитети, туку да инвестира пари, а за Србија е најважно да се инвестираат пари и земјоделското земјиште да достигне одреден квалитет, рече Костиќ пред новинарите во паузата на конференцијата Аграрна политика на Србија.

Симферопољ – Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Крим може да добие статус на посебна економска зона. Медведев најави дека владата во Москва ќе ја разгледа можноста за приклучување на тој полуостров на обединетиот енергетски систем на Русија преку Керченскиот мореуз. – Тоа сега е наша главоболка наша територија, наш субјект на Федерацијата (…) поради тоа треба да се предлагаат перспективни решенија и да се решаваат проблемите во најкуси можни рокови, рече Медведев на состанокот на владата посветен на социјално-економската положба на Крим и Севастопољ.

Ниш – Каменоломот Момин камен може да биде затворен бидејќи се наоѓа на проектираната траса на Коридорот 10 кај Владичин Хан. Се судри со Момин камен со сопствената држава, стана камен во грлото на државните органи. А државата Србија и Коридорот 10 кој на големо се гради, станаа и ноќен и дневен кошмар за АД Ерозија, сопственик на тој каменолом.

Тулуз – Европскиот производител на авиони Ербас доби порачка од 2,75 милијарди евра од нискобуџетната авионска компанија Тајгер Ервејз Холдингс од Сингапур. Компанијата порача 37 авиони А320, од кои девет ќе бидат испорачани на Сингапур оваа и во 2015 година, а останатите од 2015 до 2018 година. Сингапур Ерлајнз има 40 отсто сопственост во нискобуџетната авиокомпанија.

Сараево – Босна и Херцеговина, поточно државната авиокомпанија БиХ ерлајнз, која е во сопственост на владата на БиХ, во почетокот на идната година може да остане без авиони. Авионите во 2005 година се набавени по цена од 18,4 милиони долари врз основ на потпишан договор со Хипо на лизинг. Тоа би значело дека БиХ Ерлајнз практично ќе остане без ниту еден авион и со тоа во целост би било доведено во прашање идното функционирање на оваа државна фирма, која и така во последните три години се наоѓа во финансиска дубиоза.

Белград – Бројот на вработените во јавниот сектор мора да се намали за 100.000 ако Владата одлучи да заштеди само со намалување на бројот на вработените, а не со намалување на платите и пензиите, смета професорот на Економскиот факултет во Белград Милојко Арсиќ. Арсиќ вели дека таквото сценарио би го загрозило вршењето на услуги на јавниот сектор, кој не би можел да пружа здравствени, образовни, безбедносни и други услуги кои се важни за функционирање на целото општество.

Лондон – Невработеноста во Британија се намалува, додека бројот на вработените достигна рекордно ниво, покажаа последните официјални податоци. Бројот на невработените во три месеци, заклучно со јануари, е намален за 63.000 на 2,33 милиони луѓе, во споредба со претходните три месеци, се наведе во соопштението на британската канцеларија за статистика ОНС.

Лондон – Тим од научници од британскиот универзитет Оксфорд состави листа на професии кои практично ќе исчезнат од лицето на земјата во следните 20 години. Оператор на телефонска централа, диспечер, шалтерски службеник, месар, часовничар, рецепционер, фурнаџија, слаткар, таксисти, шофер, доставувач, чистач, готвач но не и шеф, книговодител, продавач или касиер – на овие занимања им се заканува опасност да исчезнат во веројатност од 90 и повеќе проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП