25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо која земја работниците се најдобро платени

Во која земја работниците се најдобро платени

plateno1

Најдобро платените работни часови во ЕУ се во Данска – 25 евра на час, а најмалку заработуваат Бугарите – само 1,5 евра на час.

Тоа е речиси за 17 пати помалку од Данците, покажува истражувањето на статистичката служба Еуростат.

Во Хрватска, на пример, цената на трудот за еден час чини 4,8 евра, но таму се живее исто како и во Македонија, Полска или Чешка, пренесува „Вечерен весник“.

Разликата во платите помеѓу богатите Скандинавци и сиромашните на југот е огромна, но разликата во стандардот е малку поблага, доколку вредноста на платата се изрази во вредност на стоки или услуги кои можат да се купат на локалниот пазар.

Еуростат наведува дека, доколку се земе во предвид куповната моќ на Данците, тие не живеат 17 пати, туку 5 пати подобро од Бугарите.

Хрватите во 2010 година имаа малку подобра плата од бруто платата на Полјаците, Словаците и Чесите, но кога платите ќе се споредат со локалните цени на производите и услугите доаѓа до изедначување на стандардот.

Платата во Македонија е два пати помала од онаа во Хрватска, но работникот во Македонија со своите 2,5 евра на час може да купи исто колку и работникот во Хрватска со своите 4,8 евра на час.

Скандинавските земји поради високите даноци и политиката според која оние кои имаат повеќе треба да плаќаат поголеми даноци, се прилично скапи земји за патниците од јужниот и југо-источниот дел на Европа.

На пример, стоката и услугите кои Данците во својата земја ќе ги платат 25 евра, во Хрватска би ги платиле 17 евра, а во Македонија 8 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП