27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАлергија на сонце

Алергија на сонце

sun-shining

Кај алергијата на сонце, за разлика од останатите видови на алергија, не доаѓа до реакција со алерген, туку до имунолошки реакции на промените кои се создаваат на кожата по сончање.

Алегријата на сонце доведува до промени на кожа кои настануваат под влијание на УВ-зраците врз кожата.

Доаѓа до појава на мали плускавци, кожата е многу црвена, рапава, затегната и создава непријатно чувство.

Овие симптоми се јавуваат неколку часа по сончањето и можат да траат од неколку дена до неколку недели.

До овие појави најчесто доаѓа при првото директно изложување на сонце по зимскиот период и тоа на деловите од телото кои не се заштитени со облека (лице, врат, раце).

Се повеќе луѓе страдаат од овој вид на алергија, околу 20 отсто од вкупното население.

Препаратите со бетакаротин, кои треба да се земаат во рана пролет, ја подготвуваат кожата одвнатре на сонце и на тој начин ги спречуваат или намалуваат силните реакции на кожата од сончевите зраци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП