6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот „Баер“ го освојува пазарот на азиско-пацифичкиот регион

Германскиот „Баер“ го освојува пазарот на азиско-пацифичкиот регион

bayer1

– Германскиот фармацевтски гигант „Баер“ е прогласен за компанија која финансиски најмногу напредувала во азиско-пацифичкиот регион.

Азискиот оддел на Глобалниот фонд за медицина на Светската здравствена организација, чие седиште е во Сингапур, соопшти дека „Баер“ минатата година на овој пазар имал промет од 22 милијарди долари, што е за 5,3 милијарди повеќе од остварениот во 2012 година.

Најголем промет на ова подрачје „Баер“ остварува од продажба на лекарства за спречување на болестите на очите. Населението од ова подрачје, особено во државите блиски до Екваторот, има големи проблеми со зачувување на видот, а слепилото не е ретка појава.

Покрај побарувачката на лекови за болестите на очите во Инндонезија, Сингапур и голем број други соседни држави, побарувачката на производи од германскиот фармацевтски гигант е голема и во Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП