3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната Abimis кујна (фото)

Луксузната Abimis кујна (фото)

abi1

„Abimis“ е рачно изработена луксузна италијанска кујна, од отпорен нерѓосувачки челик, наменета за врвни искуства при подготвувањето на храната…

Оваа прекрасна кујна е отпорна на гребаници и оштетувања кои настануваат со текот на времето, односно во текот на нормалното секојдневно користење. Оваа кујна ја дизајнираше архитектот Алберто Торсело во соработка со студиото „Prisma“. Таа е замислена како високо квалитетна професионална кујна која може да биде направена по нарачка и совршено да се вклопи во вашиот совршен дом.

При подготвувањето на оброк се поминува преку пет фази на работа: чување ,подготовка, готвење, перење и презентирање. Затоа, „Abimis“ кујната ја зема во предвид организацијата во кујната како еден од најважните елементи, за процесот од пет фази кој е наша секојдневна рутина да биде едноставен и ефикасен. Покрај високиот квалитет и неверојатната функционалност, оваа кујна ни го претставува и елегантниот и раскошен дизајн на кој ќе бидеме многу горди.

Архитектот Алберто Торсело не сакал да дизајнира кујна само за подготвување на вкусни јадења, тој сакал, исто така, да дизјанира кујна во која куварот ужива да готви…

abi2

abi3

abi4

abi5

abi6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП