3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTiger Airways нарача 37 авиони од Airbus

Tiger Airways нарача 37 авиони од Airbus

tigerairwaysdbh237tfr349tg

Европскиот производител на авиони „Airbus“ доби нарачка од 2,75 милијарди евра од нискобуџетната авиoкомпанија „Tiger Airways“ од Сингапур.

Компанијата нарача 37 авиони од типот А320, од кои девет ќе бидат испорачани оваа и наредната година, а останатите меѓу 2015 и 2018 година.

А320 е најпродаваниот авион после Boeing 737.

„Airbus“ со седиште во францускиот град Тулуз, соопшти дека рекордната побарувачка за неговите патнички авиони меѓу компаниите во светот го довела до раст на продажбата и профитот во 2013 година.

Компанијата „Airbus“ чиј најголем конкуент е „Boeing“ на светскиот пазар, е основана во 1970 година со заедничка соработка на Франција, Велика Британија, Германија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП