
Денес ви претставуваме прекрасен ентериер на стан во градот Кап Д’аил, во Мексико…


Денес ви претставуваме прекрасен ентериер на стан во градот Кап Д’аил, во Мексико…
Оваа прекрасна локација совршено се вклопува со модерниот дизајн на кој работеше „NG Studio“.
Тие одлучија елементите и мебелот во станот да го прикажат во нежни бои кои потсетуваат на камен и песок. Станот всушност е поделен на два дела. Еден е наменет за дружење и поминување на времето со пријателите, додека другиот е интересен приватен и луксузен простор.
Во првиот дел се наоѓа дневна соба и прекрасно декорирана и модерно опремена кујна, додека во другиот дел се наоѓаат спалните соби.
Првиот дел на овој ентериер се отвора кон величенствениот балкон, кој е совршен за приредување на забави и за уживање во погледот и во заоѓањето на сонцето…уживајте во луксузот…










