25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanone продава - Nestle купува?

Danone продава – Nestle купува?

nestleDanone_lh

Светскиот лидер во производство на свежо млеко, француската групација „Danone“ ќе го продава секторот за диетски и медицински производи кој е проценет на околу три милијарди евра.

Како кандидати за превземање на оваа многу профитабилна дивизија се споменуваат швајцарската компанија „Nestle“ и германската „Fresenius“, глобалниот лидер меѓу снабдувачите на производи за дијализа.

Како што дознаваат француските медиуми, меѓу потенцијалните купувачи на овој оддел на „Danone“ се наоѓа уште една, засега непозната индустриска компанија, како и нордискиот инвестициски фонд „EQT“.

Според други извори, кандидати за купување би можеле да бидат и американските фарматцевтски групации „Abbott“ и „Baxter“.

Инаку секторот за диетски производи на „Danone“ е екстремно профитабилен. Овој оддел во 2013-та година оствари приходи од продажбата од 1.34 милијарди евра, што е раст од 5.6 проценти во однос на 2012-та година, додека оперативната маржа како показател на рентабилноста порасна на 18.6 проценти.

Ова воедно е и вториот сектор по рентабилност на ниво на групацијата, по дивизијата за храна за деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП