30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште четири дена за фирмите да им издадат пресметки на граѓаните за...

Уште четири дена за фирмите да им издадат пресметки на граѓаните за исплатените приходи во 2012

ujp

За четири дена завршува рокот фирмите да им издадат пресметки на граѓаните за исплатените приходи во 2012.

Фирмите кои вршеле исплати на приходи во текот на изминатата година, до 15 февруари задолжително на граѓаните треба да им издадат збирна пресметка за исплатените приходи по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од игри на среќа и други наградни игри или други приходи, како и платениот персонален данок и придонеси во 2012 година. Неиздавањето на ваква пресметка од страна на фирмите претставува прекршок, за кој законот предвидува глоба, потсетуваат од Управата за јавни приходи.

Според последните податоци на УЈП, само 15.031 исплатувачи на приходи поднеле Годишен извештај за 2012, а се очекува оваа бројка до крајниот рок 15 февруари да достигне 70 илјади. Ова укажува дека фирмите се уште ги извршуваат своите обврски во последните денови пред истекот на роковите.

Заради избегнување на метежите на шалтерите, од УЈП им укажуваат на фирмите кои се регистрирани корисници на електронски услуги е-Даноци  https://etax-fl.ujp.gov.mk да достават годишен извештај преку интернет. По електронски пат, годишен извештај доставиле 42 фирми, соопштија од Управата за јавни приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП