3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHitachi се проширува во Британија

Hitachi се проширува во Британија

hitachibadye2368ftr32

Јапонската компанија „Hitachi“ ќе ја пресели централата на своето одделениe за железници од Јапонија во Британија, објави Фајненшл Тајмс.

Весникот додава дека компанијата планира да се прошири во Британија и дека Европа ја смета за свој клучен пазар.

Сега во тоа одделение работат околу 2.500 лица, а компанијата очекува дека нивниот број во наредните две години ќе се зголеми на 4.000. Истовремено се очекува дека приходите за тоа време ќе пораснат за една третина во однос на сегашното ниво.

„Hitachi“ следната година ќе започне да произведува меѓуградски возови од идната генерација во англиското место Њутон Ајклиф, каде во моментов ја гради фабриката. Во првата фаза во неа ќе бидат вработени 750 лица.

Со најновата одлука да го пресели своето одделение за железници, „Hitachi“ ќе биде географски поблиску до своите најголеми ривали, на пример, германската компанија „Siemens“.

Според британските експерти, јапонската компaнија со тој потег истовремено ќе си обезбеди подобра позиција на важниот британски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП