28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИChina Mobile: Прв минус во последните 10 години

China Mobile: Прв минус во последните 10 години

chinamobileg43y3

Најголемиот светски оператор за мобилната телефонија по бројот на претплатници, „China Mobile“ минатата година го забележа првиот пад на нето профитот за повеќе од 10 години.

Нето заработката на компанијата е намалена за 5,9 проценти во однос на претходната година, на 121,7 милијарди јуани (19,54 милијарди долари), што е прв пад на профитот од 1999 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Групацијата 2013 година ја опиша како клучна година за трансформација, во која беше вклучено добивањето на лиценци за 4G мрежата и борбата со се поголемата конкуренција. „China Mobile“ во декември минатата година доби лиценца за новата генерација на 4G мрежа во Кина, а компанијата планира да инвестира речиси седум милијарди долари во изградба на мрежата.

Компанијата во јануари за прв пат на корисниците им понуди „iPhone“ од „Apple“, а оваа година очекува 50 милиони корисници на 4G мрежата.

Приходите на „China Mobile“ се зголемени за 8,3 проценти на годишно ниво, на 630,18 милијарди јуани, а вкупниот број на корисници за осум проценти, на 767 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП