26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовик за побрзо постигнување договор за спас на Кипар

Повик за побрзо постигнување договор за спас на Кипар

ecb_2

Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Јорг Асмусен повика на што побрзо постигнување договор за пакет-мерки за спас на Кипар, што во Германија не се прифаќа со големо воодушевување.

Во денешното издание на германскиот весник „Ханделсблат“, Асмусен нагласува дека очекува програмата за поддршка на Кипар да биде готова до крајот на следниот месец.

Тој смета дека не би било во ред да се прават шпекулации во врска со овој план, бидејќи Кипар може да остане без пари.

– Ако некој планира да го одложи решението за по парламентарните избори во Германија, кои се закажани за 22 септември, тогаш тоа воопшто не е добро решение, предупредува Асмусен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП