4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно поскапуваат горивата

Повторно поскапуваат горивата

goriva1

Малопродажните цени на бензините од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, а на дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 85,50 денари за литар.

Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава за 71,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 60,50 денари за литар.

За 0,404 денари се зголемува цената и на мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 42,928 денари.

Одлуката за корекција на цените Регулаторната комисија за енергетика ја образложува со зголемената цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели за 3,46%, како и со понискиот курс на денарот во однос на доларот за 1,16%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП