23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHermes забележа нов рекорден резултат

Hermes забележа нов рекорден резултат

hermesnc8u3yr89ypariz

Француската модна куќа „Hermes“ позната по скапоцената кожна галантерија и облека, минатата година повторно забележа раст на профитот и нов рекорд на профитабилноста, со што го потврди еден од најдобрите резултати во целиот сектор за луксузна стока.

Оперативниот профит во 2013 година е зголемен за 8,9 проценти на 1,22 милијарди евра, додека оперативната маржа, како показател на профитабилноста, е зголемена за 0,3 процентни поени, на 32,4 проценти, пренесува Ројтерс.

Нивото на оперативната маржа во 2012 година беше највисокото ниво од воведување на компанијата на берза во 1993 година.

На тој начин оваа групација, една од ретките која го избегна неповолното влијание на забавениот раст во Кина, забележа солиден органски раст од 13 проценти во минатата година.

Нето профитот на „Hermes“ е зголемен за 6,8 проценти, на 790 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП