20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКако најлесно да испланирате патување околу светот

Како најлесно да испланирате патување околу светот

boeing

Пaтoт околу светот е ултимативно животно искуство кое многумина никогаш немаат можност да го почувствуваат, меѓутоа, оние кои во тоа успеале знаат колку труд, напор, нерви и пари се потребни за да се реализира.

Па, доколку сте малку луд, имате време и волја, продолжете да читате и да дознаете како што побезболно да го организирате совршениот пат околу светот.
Како?

Најевтиниот начин за идеален пат околу светот ќе го имате кога ќе купите „”Round-the-word air ticket“, што изминатите години стана се попопуларен. Теоретски, станува збор за еден билет што ќе ви овозможи пат со повеќе различни компании, но често само во рамки на една групација, на пример, Star Alliance и нејзините партнери. Меѓутоа, и не е мала работа ако земеме во предвид дека Star Alliance околу себе собира дури 27 авиокомпании што ќе ве доведат на речиси секој дел од нашата планета.

RTW (Round The World) билетите што се во понудата на Star Alliance ќе ви овозможат патување до максимално 15 дестинации, притоа сами можете да ги изберете тие дестинации, а притоа на располагање имате 1.328 аеродроми во дури 195 држави. Но, сепак, како и насекаде, постојат некои правила.

Кај RTW билетот можете да се движите само во еден правец – источно или западно, бидејќи нема префрлања. Второто правило е дека вашиот пат мора да почне и заврши на истата дестинација, а сите летови што ќе ги резервирате, мораат да се резервираат однапред, пред самото патување, што многу ја ограничува флексибилноста.
Колку време ми е потребно?

Теоретски можете да го пропатувате светот за еден викенд, но тоа би значело дека нон-стоп сте во авион. Токму од овие причини минималната должина на патувањето кај RTW билетот изнесува 10 дена, што е премалку за да се обиколи цел свет.

Идеалната должина за патот околу светот е од шест месеци до една година.
Кога?

На оваа дилема е тешко да се даде точен одговор, но кога и да тргнете на пат околу светот, времето некаде ќе ве зафркне. Никогаш нема да погодите суво и сончево, а сепак не претопло време во сите држави, па доколку и погодите ќе имате навистина неверојатна среќа.
Каде?

Класичната (воедно и најевтина рута) поврзува некои од најголемите градови во светот, како што се Лондон – Бангкок – Сингапур – Сиднеј – Лос Анџелес. Ако сакате на било која дестинација да додадете една екстра, цената ќе се зголемува во зависност од цената на летот што сте го додале. Добрата работа е што не морате да летате од иста дестинација на која сте слетале. Да кажеме, одите за Перт, таму фаќате автобус до Каирнс, од каде го продолжувате патот со авион кон Јужна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП