15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската ситуација во Аргентина е се потешка

Економската ситуација во Аргентина е се потешка

argentina2

Аргентинската влада тврди дека годишната стапка на инфлација изнесува 10 проценти, но таа всушност е повисока од 25 проценти. Се повеќе веруваат дека Аргентина, која пред десет години беше во економска криза, наскоро може повторно да потоне во нова рецесија.

Аргентинската влада тврди дека годишната стапка на инфлација е 10 проценти, но секој со калкулатор може да пресмета дека таа е повеќе од 25 проценти.

Претседателката Кристина Кришнер застана зад државните податоци.

Порастот на цените

Владата постигна договор со трговците на мало да се запре растот на цените во текот на два месеци. Но, ваквите мерки ни претходно не помогнаа.

Синдикатите во Аргентина бараат Владата да ги зголеми платите и да ги намали даноците.

Карлос Чиле од Синдикатот на аргентинските работници вели дека мора да се потпрат на неофицијалните проценки на инфлацијата во текот на преговорите за нови договори.

„Владата создава виртуелна држава со реалност која и одговара на неа. Тие ја игнорираат ситуацијата со лицата на улица, вистинската стапка на невработеност и инфлацијата. Тие мислат дека ќе го решат проблемот со инфлацијата, така што ќе ги заледат цените, но ти ќе продолжат да се зголемуваат, порано или подоцна“, изјави Чиле.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП