23 април, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Претставниците на ММФ порачаа на владата на Србија дека е потребно или заштеда од 400 милиони евра, или намалување на пензиите и платите, тврди Стопански преглед. По 15 дневното снимање на состојбата, тимот на ММФ на чело со Зузана Мургасова, иако не се огласи официјално, беше јасен во своите пораки. Стопански преглед неофицијално дознава од учесниците на преговорите кои се увертира во следната рудна предвидена за еден месец, можно и два, дека една од главните препораки е и понатаму да се штеди во буџетот и да се намали јавната потрошувачка.

Белград – Генералниот директор на Железница на Србија Драгољуб Симоновиќ најави дека планира пуштање на пробна линија од Рума преку Зворник кон Тузла. Како што пренесе Данас, ако има интерес од патниците, линијата ќе продолжи до Бањалука и Сараево.

Загреб – 82 отсто граѓани на Хрватска имаа една или повеќе сметки во банките, а според Фина која спроведува принудна наплата на паричните средства, секој девети граѓанин е блокиран. Кога се работи за нивните блокирани сметки тие се 10,59 отсто. Имено, од 4,28 милиони граѓани, 3,50 милиони имаат минимално една сметка, а состојбата на крајот на јануари покажува дека имале 6,88 милиони отворени сметки од кои 729.433 се блокирани поради долг од 24,45 милијарди куни т.е. 3,19 милијарди евра.

Подгорица – Стечајната управа на Ски центарот Дурмитор распиша нов оглас за продажба на хотелот со земјиштето и 13 бунгалови на Жабљак, по почетна цена од 2,8 милиони евра. На потенцијалните купувачи Стечајната управа го понуди хотелот Дурмитор, со вкупна површина од 2,37 илјади квадратни метри, земјиште од 36,75 илјади квадратни метри, како и три типа на бунгалови. Како што пренесе порталот сеебиз, повикувајќи се на РТ Црна Гора, заинтересираните граѓани и фирми до 31 март можат да доставуваат понуди кои ќе бидат отворени на 14 април во просториите на Ски центарот Дурмитор на Жабљак.

Сараево – Во Федерацијата БиХ од 1 јануари престанаа да работат 72 фирми со 219 деловни единици, а изгасени се и 403 занаетски работилници, покажуваат податоците на Даночната управа на ФБиХ. Како што пренесе порталот индикатор.ба состојбата била уште полоша лани кога биле изгасени 564 фирми со 1.114 деловни единици, додека 2.716 занаетчии останале без работа. Според оценката на економските експерти причините за оваа општа криза се неповолниот деловен простор и фискализацијата.

Лондон – Додека Американците се жалат дека печатењето на пари им ја зголемува дупката во буџетот, Британците се гордеат со новата фунта, пара која е најтешко да се фалсификува на светот. Британската Кралска печатница на пари ја претстави својата нова пара од една фунта со ликот на кралицата Елизабета втора, кој наместо обичен кружен дизајн има 12 страници. – Ова е голем исчекор во иднината, користиме врвна, најмодерна британска технологија, а истовремено со обликот оддаваме почест на легендарната монета од четврт шилинг – речено е на претставувањето.

Москва – Директорот на рускиот нафтен гигант Росњефт се закани дека своето работење ќе го пресели на друго место. Директорот на рускиот нафтен гигант Росњефт и близок сојузник на претседателот на Русија Владимир Путин ја критикуваше можноста западните сили да му воведат санкции и се закани дека своето работење ќе го пресели на друго место.

Вашингтон – Просечната плата во маркетингот за мажите на сите нивоа е 61.022 евра, а за жените 48.404 евра, што е голема разлика. Над 3.000 професионалци кои работат во маркетинг учествуваа во едно глобално истражување достапно во маркетиншката индустрија. Освен анализата на просечните плати по сектори, оваа студија Маркетинг вик, даде одговори на прашањата за стресот на вработените во маркетингот, нивните ставови поврзани за буџетите и за односот на професионалците во маркетингот според знаењето и новите вештини.

Берн – Економистите на банката Креди Свис се плашат од ефектите на иницијативата за имиграција која може да доведе до намалени инвестиции до 2015 година и намалување на продуктивноста. На референдумот Стоп за масовната имиграција, одржан на 9 февруари, 50,3 отсто излезени Швајцарци го поддржаа ограничувањето на доселување на странци, пренесе весникот 24 часа. Резултатот од референдумот, кој ја обврзува владата иницијативата на Народната партија СВП да ја преобрази во закон во рок од три години, го одразува стравот кај Швајцарците од прилив на странци.

Брисел – Во 34 земји членки на Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД невработени се 48 милиони луѓе, 15 милиони повеќе од почетокот на кризата во 2007 година. Најпогодени од невработеноста се млади на возраст од 15 до 24 години, како и неквалификуваната работна сила, се наведува во најновиот извештај на ОЕЦД.

Виена – Поради работа на црно, затајување на данок и нелегално користење на социјалните услуги, австрискиот буџет од 2011 до 2013 година е оштетен за околу 5,9 милијарди евра. Тоа е 4,67 отсто од вкупните приходи врз основ на данокот и социјалните давачки, пресмета професорот на Институтот за економија Јоханес Кеплер, при Универзитетот во Линц, Фридрих Шнајдер.

Берлин – Германскиот телекомуникациски гигант Дојче телеком ќе изгаси 4.900 работни места во Германија во следните две години, во својот ИТ сервис Т-системи. Како што пренесе швајцарскиот весник 20 минути, оваа година Дојче телеком во таа филијала ќе укине 2.700 работни места, а следната година 2.200.

Вашингтон – Мултинационалната компјутерска компанија Оракл, со седиште во Калифорнија, во третото тромесечје во тековната фискална година, забележа раст на приходите и прифитот. Меѓутоа, тој раст е понизок од очекувањата на инвеститорите, што доведе до пад на вредноста на акциите на оваа групација во електронските трансакции. Во наведениот период, продажбата на новите софтверски програми и претплатата за пристап на истите по пат на интернет е зголемена 4 отсто во однос на истиот период во претходната деловна година, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП