3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо кои држави PlayStation4 е најскап?

Во кои држави PlayStation4 е најскап?

ps 4 prodazba ceni

Не е лесно да си страствен гејмер во Латинска Америка или во Скандинавските земји. Таму цените на конзолата се највисоки.

Неодамна „Microsoft“ објави дека од септември 2014-та година „Xbox One“ ќе се продава на 26 нови пазари – вклучувајќи ги и Индија, Јапонија, Русија, Латинска Америка и Скандинавските земји. Во САД „PlayStation 4“ чини 400 долари, што е далеку под цената на „Xbox One“ (500 долари).

Но не секаде „PS4“ е евтина конзола. Од „Bloomberg“ ги споредија цените на „PS4“ на 45 пазари во светот каде што оваа конзола се продава. Најскапа е во Бразил, поради високите такси кои земјата ги има за увоз на електроника. Бразил е и државата каде што е најскапо да си купиш „iPhone“.

Еве ги и 15-те земји во кои е најскапо да си купиш „PlayStation 4“:

1. Бразил – 3,999 реали (1,702 долари).

2. Аргентина – 10,999 пезоси (1,388 долари).

3. Шведска – 4,399 круни (692 долари).

4. Колумбија – 1,4 милиони пезоси (688 долари).

5. Норвешка – 3,999 круни (672 долари).

6 . Чиле – 379,990 пезоси (666 долари).

7. Индија – 39,990 рупии (654 долари).

8. Данска – 3,499 круни (653 долари).

9. Финска – 449 евра (625 долари).

10. Полска – 1,899 злоти (625 долари).

11. Индонезија – 7 милиони рупии (620 долари).

12. Тајланд – 19,900 бати (615 долари).

13. Турција – 1,349 лири (608 долари).

14. Унгарија – 133,900 форинти (598 долари).

15. Јужна Африка – 6,299 ранд (586 долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП