18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузни златни аксесоари од Versace (фото)

Луксузни златни аксесоари од Versace (фото)

ver11

Аксесоарите од злато и во златни нијанси, како овие кои ни ги претставува „Versace“ никогаш не може да бидат грешка…

Овој модерен и луксузен италијански бренд ни ја пртставува својата нова серија на торби, која е елегантна и префинета, а во исто време привлекува и многу внимание.

Целосно златната „Athena Vanitas“ торба, со познатиот Медуза шармантен симбол од златен емајл и познатите „Barocco“ рабови е нешто навистина посебно. Таа има каиш за носење преку рамо кој може да се отстрани и внатрешност од свила, која е соврешено поделена, за полесна организација на внатрешноста. Нејзината цена изнесува 2,875 долари.

Потоа, тука е „Vanitas Medea“ торбата која има совршена големина. Во неа може да се стават сите неопходни работи за едно вечерно излегување. Нејзината цена изнесува 1,995 долари, има „Greca“ синџир за носење преку рамо, како и постава со барок стил.

Уште еден елемент од оваа колекција е „Lame Evening“ торбата која чини 1,925 долари. Направена е од 100 проценти „Nappa“ кожа, и има еден синџир со златна нијанса.

Најекстравагантниот предмет во колекцијата е секако торбата декорирана со кристали која чини 8,300 долари. Овој моден аксесоар е совршен пример за елеганцијата и стилот на „Versace“, на неа е испишано познатото лого на овој бренд, односно Медузата.

ver11

ver12

ver13

ver14

ver15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП