3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ja претстави верзија на Android за паметни додатоци (видео)

Google ja претстави верзија на Android за паметни додатоци (видео)

motorola google wear

„Google“ го претстави својот нов оперативен систем „Android Wear“, кој е оптимизиран специјално за најпаметните додатоци. Според интернет гигантот смартфоните се само почеток на она што е можно со мобилната технологија.

„Затоа сме толку возбудени од најпаметните додатоци. Тие го разбираат контекстот на светот околу вас и со нив може да се поврзува лесно и ефикасно, само со поглед или кажан збор“, објавува Сундар Пичај, виш потпретседател на „Android“.

„Android Wear“ ќе се појави прво на паметните часовници. Уредите кои ја користат оваа платформа ќе може да му даваат разни информации на корисникот.

Со фразата „OK Google“ корисникот ќе може да го активира уредот и да му постави прашање. Тој ќе врши пребарување на интернет и ќе враќа соодветен одговор. Со глас ќе може да се даваат и команди како бирање на телефонски број, испраќање на порака и друго.

Еден од главните моменти на паметните уреди ќе е нивната можност да ги следат и здравствените индикатори на корисникот. „Android Wear“ стави посебен фокус врз тоа да се следат и постигнувањата од вежбањето.

Преку „Android Wear“ ќе може да се управуваат и други уреди. Идејата на „Google“ е корисникот на пример да му каже на паметниот часовник да пушти одредена песна или пак компјутерот да почне да стримува филм до телевизорот.

Што точно ќе можат уредите ќе зависи и од страна на програмерите. Како и за нормален „Android“, тие ќе имаат можност да создаваат различни апликации специјално за оваа верзија на платформата.

На видеата за демонстрација на „Google Android Wear“ е прикажан на идниот умен часовник на „Motorola Moto360“. Тој се очекува да се појави на пазарот во текот на летото.

Следниот квартал и „LG“ ќе претстави свој часовник кој ќе ја користи оваа верзија на платформа. Тој ќе се вика „G Watch“ и е изработен заедно со „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП