20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го надмина САД

Кина го надмина САД

kina1

Кина ги надмина САД како земја со најголема стокова размена во светот, соопшти американската агенција Блумберг, повикувајќи се на официјални податоци од двете држави.

Американскиот извоз и увоз минатата година изнесувале вкупно 3,82 трилиони долари, соопшти минатата недела Министерството за трговија на САД.

Кинеската стокова размена во текот на 2012 година била во износ од 3,87 трилиони долари, се наведува во јануарските статистики на царинската администрација.

Зголеменото влијание на Кина во светската трговија се заканува со растурање на регионални трговски блокови, бидејќи Пекинг се претвори во најважниот трговски партнер за некои од земјите, забележува Блумберг. Можно е, на пример, германскиот извоз за Кина до крајот на оваа деценија да достигне ниво два пати поголемо од она на Франција.

Азискиот гигант во текот на минатата година регистрирал вишок во трговијата со стоки во износ од 231,1 милијарди долари. САД покажале дефицит од над 700 милијарди долари. САД, сепак, во 2012 година постигнале вишок од 195,3 милијарди долари во трговијата со услуги.

Американската економија е два пати поголема од кинеската, покажуваат податоците на Светската банка од 2011 година. Бруто домашниот производ (БДП) на САД во 2011 година изнесуваше 15 трилиони долари, а оној на Кина само 7,3 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП