3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна колекција на чевли за возење (фото)

Луксузна колекција на чевли за возење (фото)

jik1

Британскиот бренд за луксузни автомобили „Jaguar“, се здружи со уште еден британски производител, „Oliver Sweeney“, со цел да креира луксузна колекција на чевли за возење…

Колекцијата на чевли „Jaguar by Oliver Sweeney“ креирана е со цел да се обележи официјалното претставување на новиот модел на „Jaguar“ , од „F-type“ асортиманот. Материјалите и завршните детали кои се користени при производството на овие луксузни чевли потсетуваат на „F-type“ автомобилите. Достапни се во комбинација од јаглени влакна и кожа, како и во верзија од „nubuck“ кожа. Боите кои се достапни во колекцијата се како боите на „F-type“ автомобилите, а тоа се црвена, тегет и црна.

Тим Купер, главниот чевлар во „Oliver Sweeney“ производството вели дека за нив „Jaguar“ е перфекција која претставува совршени автомобили кои нас ни даваат можности за уникатно возење, кое е совршено дополнето со овие чевли.

jik2

jik3

jik4

jik5

jik6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП