27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција извезува 97 проценти од производството на коњак

Франција извезува 97 проценти од производството на коњак

konjak1

Франција извезува 97 проценти од вкупното производството на коњак, со што заработува две милијарди евра.

Францускиот извоз во најголема мера зависи од авиоиндустријата, а на второ место се земјоделските производи со остварен приход од 11,5 милијарди евра во 2012 година.

Како што наведува францускиот весник „Еко“, почесна позиција за најдобро продаван алкохолен пијалок од Франција во странство завзема коњакот.

Од три милијарди долари кои беа заработени минатата година при продажбата на француските жестоки пијалоци, две милијарди беа остварени благодарение на коњакот.

Продажбата на францускиот коњак во Азија, пред се во Кина постојано се зголемува.

Најпродаван коњак е „Hennessy“, „Remy Martin“ и „Martell“.

Извозот на францускиот коњак во Кина се зголеми за 30 проценти, бидејќи овој пијалок е се повеќе прифатлив помеѓу растечката средна класа во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП