25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа година Грција очекува над еден милион руски туристи

Оваа година Грција очекува над еден милион руски туристи

grcija1

Грција годинава очекува над еден милион руски туристи, пишува грчкиот весник „Та неа“.

Податоците беа изнесени на руско-грчкиот туристички форум, што вчера се оддржа во Атина, а на кој учестуваа 48 туристички агенции од Русија.

Според учесниците на форумот, бројот на посетители од Русија можеше да биде и поголем доколку Грција не беше дел од Шенген просторот.

Во 2012 година Грција беше посетена од 875.000 руски туристи, кои остварија 9,6 милиони ноќевања. Секој Русин потрошил просечно по 1.085 евра за патувањето, а секој ден трошел по околу 98 евра.

Руските туроператори побарале слободен пристап до грчката амбасада во Москва, а не преку посредништво на постојните 16 приватни визни центри. Посредувањето секоја виза ја поскапува меѓу 15 и 20 евра.

Податоците на Централната банка покажуваат дека во минатата година странските туристи во Грција потрошиле 10,024 милијарди евра, што е за пет проценти помалку во споредба со 2011 година. Во текот на конкретниот период е регистрирано намалување за седум отсто на ноќевањата на странските туристи. Минатата година Грција ја посетиле 15,5 милиони странци, што е за шест отсто помалку од 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП