29 март, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Њујорк – Четири најголеми ИТ компании во САД не ги плаќаат домашните даноци, не позајмуваат пари и не земаат камата од државата. ИТ гигантите така преку дупките во даночните закони не само што директно влијаат на дефицитот на земјата, туку подоцна од истите тие неоданочени пари стигнува дополнителен приход низ каматите кои им ги исплатува лично „вујко Сем“.

Киев – Тимот на ММФ ќе остане во Украина и со владата ќе започне преговори за програма за стопански реформи и финансиска помош од ММФ, најави шефицата на ММФ Кристин Лагард. Мисијата на ММФ дојде во Киев на 4 март за да ја процени економската состојба во земјата. Обично, по објавената проценка на состојбата на земјата ММФ се враќа во Вашингтон за да го информира извршниот одбор на ММФ за резултатите од својата работа.

Њу Делхи – Инфлацијата во Индија во февруари успори на девет месечен минимум, покажаа официјалните податоци во Њу Делхи. Индексот на велепродажните цени, внимателно следен барометар за цените во Индија, е намален во февруари на 4,68 отсто на годишно ниво, во однос на 5,05 отсто од јануари, додека аналитичарите очекуваа помал пад на 4,9 отсто.

Москва – Советот на директори на Банката на Русија одлучи референтната каматна стапка да ја задржи на повишено ниво од 7 отсто годишно. Одлуката има за цел да спречи појава на ризик од инфлација и да ја зачува финансиската стабилност во врска со неодамнешната зголемена колебливост на финансиските пазари.

Лондон – Глобалната побарувачка на нафтата ќе порасне во 2014 година над очекуваното, благодарение на зајакнувањето на светската економија, соопшти Меѓународната агенција за енергетика ИЕА. ИЕА во најновата прогноза очекува дека дневната побарувачка на нафтата во 2014 година, ќе порасне за 95.000 барели во однос на претходните очекувања на 92,7 милиони барели, при што најголем раст на побарувачката ќе забележат пазарите во развој.

Белград – Продажбата на новиот автобус ИК112 на Икарбус, кој е направен во соработка со германската компанија Мерцедес, официјално почна на саемот за автомобили во Белград. Генералниот директор на Икарбус Александар Вичентиќ најави дека првите автобуси ќе можат да се најдат веќе за неколку месеци на улиците во Белград.

Њујорк – САД ја укинаа забраната за склучување на договор со британската нафтена компанија Бритиш петролеум БП. Американската агенција за заштита на животната средина ЕПА, соопшти дека БП се согласил на безбедносни и етички подобрувања во замена за укинување на забраната на неговото учество на федералните тендери.

Симферопол – Крим би можел да ја продаде украинската енергетска фирма Чорноморнафтогас на руска компанија како Гаспром, кога регионалните власти ќе ја преземат контролата над покраината. – По национализацијата на компанијата, ќе донесеме одлука да покренеме приватизација, ако се појави некој инвеститор како Гаспром или слична фирма – рече првиот потпретседател на владата на Крим, Рустам Темиргаљев.

Виена – Австриската влада донесе одлука прашањето за Хипо Алпе Адриа банката да го реши по пат на приватни лоши банки, кое подразбира што побрза продажба на ќерката банка на Балканот. Одлуката на владата ја соопшти министерот за финансии Михаел Шпинделегер, на конференцијата за медиумите во Виена, кој додаде дека покраината Корушка мора да уплати средства во фондот за иднината, но и дека Хипо нема да отиде во стечај, бидејќи ризикот кој е поврзан со тоа е преголем.

Париз – Можните економски санкции против Русија ќе бидат ограничени, бидејќи ако се воведат, ќе удрат по ЕУ како бумеранг, смета шефот на Сошиете женерал банката Фредерик Удеа. – Лично сметам дека тие санкции ќе бидат со ограничен карактер. Треба да се има предвид дека, ако се воведат санкции Европа во извесна смисла ќе изгуби исто толку колку и Русија, рече Удеа за тв каналот БФМ бизнис.

Берлин – Стапката на инфлацијата во Германија, најголемото европско стопанство, намалена е во февруари, покажаа официјалните податоци во Берлин. Трошоците за живот пораснаа минатиот месец 1,2 отсто на годишно ниво, по растот од 1,3 отсто од јануари, соопшти германскиот Завод за статистика. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП