28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеската Alibaba на берзата во САД

Кинеската Alibaba на берзата во САД

alibabaij89yw89y32

Кинеската компанија „Alibaba“, специјализирана за трговија преку интернет, ќе ги понуди своите акции на една американска берза, со цел да собере 15 милијарди долари.

„Alibaba“ одлучи да започне процес на иницијална јавна понуда (IPO) во САД. Благодарение на тоа ќе стане меѓународна компанија и ќе ја унапредиме нашата транспарентност“, соопшти кинеската компанија, не навeдувајќи го времето нити обемот на акции, но ни името на берзата на која ќе бидат понудени акциите, пренесува агенцијата АП.

„Alibaba“ е една од најголемите светски интернет компании, преку чија интернет платформа годишно се разменува роба во вредност од 15 милијарди долари, што е повеќе од „Amazon“ и „Ebay“ заедно.

Првичната работа на „Alibaba“ беше поврзување на малите кинески производители со потенцијалните купувачи во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП