26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМерење притисок на двете раце може да ви го спаси животот

Мерење притисок на двете раце може да ви го спаси животот

pb_cholester

Кога го мерите крвниот притисок, сторете го тоа на двете раце.

На овој начин би можеле да откриете рани знаци за срцеви болести.

Во светот годишно умираат над 17,3 милиони луѓе од срцеви заболувања, што според СЗО претставува 30 отсто од сите смртни случаи забележани во светот.

Најчестите симптоми кои предупредуваат на проблеми со срцето не предизвикуваат големо внимание кај нас и во голема мера не се забележливи – се додека не е предоцна.

Со своето најново истражување харвардските експерти потврдиле дека мерењето на крвниот притисок
на двете раце може да им помогне на лекарите да забележат прикриена болест на срцето.

Тие измериле притисок на речиси 3.400 испитаници, и тоа на двете раце, кои наизглед биле здрави, а просечно постари од 40 години.

Малите разлики во крвниот притисок на левата и на десната рака се сметаат нормални, така што во оваа студија систоличкиот притисок варирал околу пет единици.

Меѓутоа, кај десет отсто испитаници се јавила разлика од десет единици, а токму овие лица биле 38 отсто понаклонети кон срцев и мозочен удар и проблеми поврзани со тоа во следните 13 години.

Научниците сметаат дека артеријата која ја снабдува раката со крв на која е исчитана поголема вредност најверојатно е запушена со маснотии, што може да ја објасни големата разлика во исчитувањето на крвниот притисок.

Тоа е знак дека артериите во срцето и мозокот исто така стануваат запушени, што ги зголемува шансите за срцев или мозочен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП