10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузни новитети во бизнис класата на Qatar Airways (фото)

Луксузни новитети во бизнис класата на Qatar Airways (фото)

luksnov1

Во текот на изминатите неколку месеци, бевме сведоци на големите промени и напредувања на квалитетот на услугите кои оваа компанија ги нуди, како што е воведување на линии кои е посветени на бизнис класите. Во текот на „ITB“ саемот во Берлин минатата среда, оваа престижна авио компанија го претстави најновиот додаток на својата рута-прилагодена кабина од прва класа со ентериерите на новиот „A380s“ модел.

luksnov1

Во јуни оваа година, компанијата добива и 30 нови „A380“ џамбо „Airbus“ модели, кои се нашироки и најголеми авиони кога се во воздух. Тие ќе имаат седишта прва класа кои се долги 220цм и многу лесно се претвораат во удобни кревети.

luksnov2

Најдобриот нов елемент кои тие ќе го претстават во својата нова кабина од прва класа е ексклузивниот простор кој на патниците ќе им даде можност за уживање во романтична вечера за двајца, на висина од 30.000 стапки, со свеќи и се останато што е потребно за креирање на романтичен амбиент.

luksnov3

Извршниот директор на компанијата, Ал Бакар, вели дека целта на новиот концепт е понуда што конкуренцијата ја нема. Тој исто така рече дека тие одбиле да имаат лизгачки врати, бидејќи приватноста навистина не е проблем во авион кој има само осум седишта. Единствената цел на компанијата е нејзините патници да го почувствуваат луксузот кој ниту една друга авиокомпанија не може да го понуди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП