15 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасна вила во Беверли Хилс (фото)

Прекрасна вила во Беверли Хилс (фото)

rf1

Погледнете ја убаво, а ако ви се допаѓа има можност да биде ваша, бидејќи во моментов таа е на продажба. Почетната цена која беше барана за оваа вила изнесуваше 22 милиони долари, па потоа 19 милиони долари, а сега за неа се бараат 18 милиони долари.

Оваа вила во шпански стил е изградена во 1928 година и има околу 1.200 метри квадратни простор. Овој престижен имот го комбинира шармот на стариот свет со модерните погодности, а реновиран е неколку пати.

Доколку цената од 18 милиони долари не е превисока за вас, тогаш оваа елегантна вила е совршена за вас. Има 11 спални соби, 11 бањи, пространи плакари и две соби за персонал.

Покрај тоа, тука е и дневната соба, гурманската кујна, ултра модерното домашно кино и формалната библиотека, а секоја просторија ја разубавува по една стаклена врата.

Бројни погодности ве чекаат и надвор од оваа куќа – совршено уреден двор, куќа за гости, тениски терен, базен, спа, затворен двор, кујна на отворено и фонтана направена од најквалитетен камен.

rf2

rf3

rf4

rf5

rf6

rf7

rf8

rf9

rf10

rf11

rf12

rf13

rf15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП