17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузни слушалки со интересен дизајн

Луксузни слушалки со интересен дизајн

Munitio Nines GLD Tactical 9mm Earphones

Во 2013 година ќе видиме многу оригинални идеи за дизајн, а овие слушалки, чиј облик е инспирација од куршумот од 9мм, се само почеток…

Посетителите на интернеционалниот саем за електроника (International Consumer Electronic Show), кој е најголемиот саем од овој вид во САД и кој оваа година се одржува во Лас Вегас, ќе имаат прилика да ги видат и пробаат „Munitio Nines GLD Tactical Earphones“.

slu2

Она што овие слушалки ги прави посебни е нивниот уникатен дизајн, нивната форма е во облик на куршумот од 9 мм со куќиште од легура од бакар со висока густина и врв кој е обложен со титаниум.

slu3

Производителите на корисниците им ветуваат незаборавно искуство при слушањето музика со висок квалитет на бас, без изобличување и со кристално јасен звук при продукција на средните и високите тонови. Каблите фабрички се засилени со посебни влакна, а џекот е обложен со 24 каратно злато. На кабелот се наоѓа микрофон со три копчиња преку кои се контролира јачината на звукот.

slu4

Нивната цена сеуште не е објавена, но се верува дека, оние кои ќе посакаат да ги поседуваат златните слушалки ќе треба да одвојат поголема количина на пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП