21 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен накит од златната ера на Холивуд (фото)

Луксузен накит од златната ера на Холивуд (фото)

pt1

„Larry Jewelry“ брендот ни ја открива новата колекција на накит која претставува сјај и гламур од златната ера на Холивуд…

Наречена „Larry Legend“, оваа колекција фокусирана е на фенси жолти дијаманти и претставува три различни серии на накит, наречени по едни од најсјајните звезди на Холивуд: „Audrey“ „Elizabeth“ и „Marilyn“.

„Audrey“ серијата на накит, инспирирана од елегантната и прекрасна Одри Хепберн, ни претставува обетки со жолти дијаманти со округла форма и 84 брилијантни и проѕирни дијаманти, ѓердан со привезок во облик на срце, декориран исто така со жолти дијаманти, еден проѕирен дијамант со округла форма и 71 жолт дијамант исто така со округла форма.

А потоа, тука е „Elizabeth“ серијата, наречена по славната Елизабет Тејлор, чија страст кон накитот е многу добро позната. Оваа колекција ни претставува два прстени: првиот со блескави жолти дијаманти, четири „maquise“ дијаманти, четири дијаманти во форма на круша и четири округли дијаманти, додека пак, другиот прстен е декориран со жолти дијаманти во облик на круша и осум проѕирни дијаманти со ист облик.

И на крај, тука е „Merilyn“ серијата, која и оддава чест на легендарната Мерилин Монро. Оваа колекција се состои од обетки и прстени. Обетките се декорирани со два жолти дијаманти, четири во облик на перница и 148 округли проѕирни дијаманти.

pt2

pt3

pt4

pt5

pt6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП