10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕZilli - луксузни очила од злато (фото)

Zilli – луксузни очила од злато (фото)

zil1

Луксузниот бренд „Zilli“ прв пат зачекори во креирањето на многу квалитетни и скапоцени кожни јакни…

Како предводник во трката за креирање на луксузни кожни јакни, овој француски бренд, исто така, се посвети и на креирањето на луксузни машки модни детали. Нивната најнова креација се златните очила за сонце наречени „Flamel“. Тие се полни со елеганција, а креирани се со комбинирање на креативност и висока технологија во Јапонија. Неколку работилници во Јапонија се специјализирани за креирање на високо квалитетни и луксузни очила. Мали парчиња од 18-каратно злато се претворени во златни рамки во две верзии – од жолто и бело злато. Во нив е втиснато мало парче јапонска керамика со логото на „Zilli“, а ова е прв пат компанијата да комбинира злато и црна керамика во своите креации.

Од внатре, рамката е делумно прекриена со рачно полиран целулозен ацетат во форма на шаховска табла. Од надворешната страна, долниот дел на рамката е вграден во махагон, со нијанси на црвена и црна боја. Овие очила за сонце имаат повеќеслојни поларизирани соларни стакла со интерни и екстерни слоеви на анти-рефлекс, како и заштита од UVA и UVB зраци. Стаклата се достапни во две бои – кафена и темно сива боја. Останатите делови од овие очила, како што се шрафовите и стегите се направени од чисто злато.

Двете верзии од овие модерни и луксузни очила се достапни во ограничени изданија од 50 парчињ а- очилата за сонце и очилата за вид. Од овој месец тие можат да се купат во одредени „Zilli“ продавници.

zil2

zil3

zil4

zil5

zil6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП