25 април, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Њујорк – Глобалната потрошувачка во воената индустрија во 2012 година првпат падна од 1998 година, а сега веќе две години континуирано паѓа и продажбата на оружје во приватниот сектор. Сепак, воениот бизнис и понатаму се наоѓа на самиот врв на пирамидата, а 100 најголеми производители и понудувачи на воени услуги според податоците за 2012 година, остварил промет од 395 милијарди долари. Како што пренесува 24-7 Волстрит, наспроти повлекувањето на дел на американските трупи од Авганистан, главен играч и понатаму е американската компанија Ликид Мартин, која држи дел од пазарот тежок дури 395 милијарди долари.

Белград – Девизните резерви на НБС на крајот на февруари изнесуваа 10,831,8 милиони евра, со што е обезбедена покриеност на паричната маса од 351 отсто. Обезбедена е покриеност на седум месеци увоз на стока и услуги. Поголемиот девизен прилив во текот на февруари е реализиран врз основ на издвојување на девизните обавезни резерви на банките во нето износ од 54,5 милиони евра, продажба на хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во износ од 49,6 милиони евра и врз основ на користење на кредити и донации во вкупен износ од 31,4 милиони евра.

Загреб – Додека во Србија сеуште се чека да се отворат првите објекти на Лидл, овој трговски синџир продолжува да инвестира и вработува во Хрватска. Лидл Хрватска во деловната 2013 година вработи 185 нови работници, па така денес има вкупно 1.700 вработени. Лидл на сите свои работници во Хрватска оваа година ќе ги зголеми платите за 4 отсто. Усвоен е и план за инвестиции за 2014 година, во чиј тек Лидл во Хрватска во разни проекти ќе инвестира над 23,5 милиони евра.

Даблин – Познатите компании Чикита од САД и Фајфс од Ирска објавија дека ќе се здружат и ќе станат најголем светски снабдувач на банани. Како што е најавено, новата компанија ќе биде вредна околу милијарда долари, а овој банана титан годишно ќе испорачува околу 160 милиони сандаци ширум светот, за една четвртина повеќе од најблиските ривали. Компанијата Чикита Фајфс ќе има седиште во Даблин и освен главниот збор во бизнисот со бананите, ќе биде трети по големина играч во продажба на ананас и дињи.

Базел – Вкупниот обем на долгот во светот надмина 100 билиони (100 илјади милијарди) долари, покажаа податоците од Банката за меѓународно порамнување БМП. Од средината на 2007 година, кога се појавија првите знаци на претстојната криза, до средината на 2013 година, светскиот долг е зголемен за над 40 отсто, од 70 билиони долари, бидејќи од финансиската криза државите активно позајмуваа средства за да се извлечат од рецесијата, а компаниите користеа ниски каматни стапки. Во тој период вкупната капитализација на светските берзи падна за 3,85 билиони долари, на 53,8 билиони.

Вашингтон – Американската држава Колорадо во јануари собра 2 милиона долари данок од неодамна легализираната продажба на марихуана. Како што пренесе БиБиСи, Колорадо е прва американска држава која во 2012 година легализираше комерцијална продажба на канабис. Продавниците за марихуана отворени се на 1 јануари оваа година. Вкупно 59 компании за одгледување и продажба на марихуана пријавија данок на промет во износ од 14 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП