6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit ќе го зголемува капиталот?

UniCredit ќе го зголемува капиталот?

unikredit bankaa1

Најголемата италијанска банка – „UniCredit“ е на пат да ги открие плановите за ново зголемување на капиталот преку обврзници во вредност од 2 милијарди евра.

Причината за ваквиот чекор е значителниот износ на лошите кредити. Се очекува банката да ги објави плановите, кога ќе ги обелодени и годишните резултати.

Заемот преку обврзници е нова хибридна форма за финансирање на пазарот со обврзници, кој банките го користат за да одговорат на новите капитални барања кон финансиските институции на Стариот континент. „UniCredit“ имаат значителен банкарски бизнис во земјите како Германија, Австрија, Централна и Источна Европа.

Од банката одбија да ги коментираат овие шпекулации. Слично на другите италијански банки, „UniCredit“ се обидува да ги ограничи лошите кредити, кои се зголемија на рекордни 160 милијарди евра кон крајот на јануари. Италија се уште се обидува да излезе од најдолгата рецесија за последните 70 години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП