10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена продажбата на McDonald’s

Намалена продажбата на McDonald’s

mcdondonmc

Американскиот ланец ресторани за брза храна „McDonald’s“ во февруари забележа пад на продажбата од 1,4 проценти на американскиот пазар, поради неповолните временски услови.

Најголемиот светски ланец за брза храна и во јануари поради екстремно ладната зима забележа слаби резултати, пренесува агенцијата АП.

Компанијата наведува дека глобалната продажба во рестораните, отворени најмалку 13 месеци, е намалена за 0,3 проценти, што би можело лошо да влијае на резултатите од првиот квартал. Во регионот на Блискиот Исток, Африка и Азија и Пацификот, продажбата е намалена за 2,6 проценти, пред се поради лошите резултати во Јапонија и Австралија, како и поради прославата на Кинеската нова година.

Светла точка за оваа американска компанија беше Европа, каде продажбата пораснала за 0,6 проценти, благодарение на добрите резултати во Британија и Франција, без оглед на падот на продажбата во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП