2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовиот и луксузен дизајн на бизнис класата на Air France (фото)

Новиот и луксузен дизајн на бизнис класата на Air France (фото)

aew1

„Air France“ бизнис класата добива нови луксузни елементи во претстојниот период…

Конфигурацијата на седиштата ќе биде проментета од моменталната 2-3-2 во потполно нова 1-2-1, во која секое седиште ќе има директен пристап до преминот. Овој редизајн и унапредување на оваа класа е дел од планот за подобрување на условите за своите патници кои патуваат на долгите патувања. За целиот проект се издвоени нешто повеќе од 687 милиони долари. Се на се, 2.102 седишта ќе бидат вградени во „44 Boeing 777“ авионот. Овие авиони, инаку, сочинуваат половина од нивната флота.

При дизајнирањето на новите седишта, на ум ја имале приватноста и комфорот, луксузот и елеганцијата, а сето тоа го дизајнираше славниот експерт за индустриски дизајн Марк Колинс. Со својот необичен облик, овие седишта им даваат сосема доволно приватност и личен простор на своите патници. Правени се од комбинација на кожа и луксузен текстил кој е многу мек и нежен, за да се постигне врвна удобност. Доколку е потребно, ова седиште се трансформира во кревет, со кој добивате и прекривка и екстра голема перница, за додатен комфор.

Што се однесува до забавата, овие седишта се опремени со „HD touchscreen“ телевизори од 16 инчи, со пристап до серии и филмови од околу 1.000 часови. Исто така, тука се и USB портите, електричните приклучоци и слушалките за намалување на бучавата, па така можете да си ја вршите својата работа додека патувате, а воедно и да уживате во луксузните погодности во новите ентериери.

Освен овие погодности, можете да уживате и во збогатеното мени, освежителниот третман доколку ви е потребна релаксација и многу други. Од компанијата велат дека ќе продолжат да ги имплементираат најмодерните и најлуксузни погодности со цел на нивните верни патници да им го овозможат секое задоволство.

aew2

aew3

aew4

aew5

aew6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП