20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го пропушти посакуваниот износ за откуп на долгот

Грција го пропушти посакуваниот износ за откуп на долгот

Грција до петокот вечерта, добила понуда за откуп на долгот во вредност од 26,5 милијарди евра, соопшти за Ројтерс официјалниот претставник на еврозоната, кој ги прикажа резултатите од прегледот на програмата со кој владата во Атина планираше да собере 30 милијарди евра.

Според зборовите на претставникот, цената била во висина од 33,4 проценти.

Грција го продолжи крајниот рок за собирање на понуди за откуп на долгот, очекувајќи дополнителни понуди, откако и избега посакуваниот износ од 30 милијарди евра, по цена од само 10 милијарди евра.

Откупот има за цел да и донесе на Грција околу половина од вкупниот пакет помош вреден 40 милијарди евра.

Првично, крајниот рок за собирање на понудите беше 7 декември, но грчката агенција за управување со долговите го продолжи до 11 декември.

„Веруваме дека се уште постои простор за дополнителни понуди од домашните и странските инвеститори, со цел да се гарантира успешен откуп на долгот“, изјави портпаролот на Европската комисија Симон Конор на редовниот брифинг во Брисел.

Министрите за финансии во еврозоната ќе се состанат во Брисел, за да разговараат за наведените операции за откупот и официјално да дадат зелено светло за новата исплата на заемот за Грција, како дел од втората меѓународна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП