29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесетина европски банки под истрага

Десетина европски банки под истрага

eu1

Некои банки би можеле да бидат принудени да останат во одборите кои ги одредуваат меѓубанкарските каматни стапки, како што е Еурибор, за да се обезбеди сигурноста на дадените стапки, ако биде одобрен нацртот на законите, кој Европската унија ќе го претстави подоцна оваа година, како вид на реакција по скандалите околу манипулацијата со каматните стапки.

Повеќе од десетина банки се под истрага на регулаторите поради манипулирање со Еурибор и Либор, меѓубанкарски каматни стапки кои се користат за одредување на цените на кредитите вредни повеќе милијарди евра, пренесува „Reuters“.

„Royal Bank of Scotland“ (RBS), оваа недела стана третата банка која е казнета поради учество во местењето на Либор, по британската „Barclays“ и швајцарската „UBS“.

Нов закон

„Европската комисија во второто тромесечје од 2013 година ќе предложи нов закон за одредување на меѓубанкарските каматни стапки“, рече европскиот комесар за внатрешен пазар Мишел Барние.

„Сите банки кои размислуваат да се повлечат од комисијата треба да земат во предвид дека, од нив би можело да се бара да се вратат“.

Скандалот околу каматните стапки и неизвесноста околу начинот на одредување, поттикна пет банки, „BayernLB“, „Rabobank“, „Raiffeisen“, „DekaBank“ и „City“, да се повлечат од одборот кој го помага одредувањето на Еурибор, со што бројот на банки кои учествуваат во одборот е 39. Регулаторите стравуваат дека, ако помалку банки учествуваат во одредувањето на стапките, тие ќе бидат помалку сигурни и подложни на манипулации.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП