26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот дизајн на Facebook

Новиот дизајн на Facebook

fb izgledd

Веќе една година се збори за големиот редизајн на „Facebook“, особено на неговиот „News Feed“. Минатата година во ова време друштвената мрежа одреден број на корисници ги префрли на променет дизајн, но новиот изглед не им се допадна на голем број од корисниците, па набргу беше повлечен. Меѓутоа во компанијата не се откажаа од неговата конечна примена, но во меѓувреме направена е доработка на тоа решение и сега е јасно дека наскоро сите корисници сепак ќе бидат префрлени на новиот интерфејс.

Станува збор за модерен изглед на „News Feed“, кој се потпира на поголеми профилни фотографии, нови фонтови, т.е. ставен е нагласок на визуелните заеднички содржини, како слики и видеа. Со овие промени, генерално изгледот на веб-страницата на „Facebook“ ќе се приближи до изгледот на својата мобилна апликација.

Тоа што компанијата го истакнува како предност е фактот дека сите делови на страната, левиот и десниот слајд бар, вестите, пребарувачот, полето за пишување на статуси ќе останат на своите места, само ќе добијат нов изглед. Главното поле за пребарување ќе биде повлечено, а ќе има можност да се користи и „Graph Search“ (зa сега само на англиски јазик). Во продолжение се наоѓа еден од првите „screenshot“ од новиот изглед кој го добија многу мал број од корисниците, но во наредите недели ќе го добијат сите.

fb izgledd13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП