22 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Нови Сад – Јавното претпријатие Војводина шуми очекува проблеми во одржувањето на шумите бидејќи според законот повеќе не смее да вработува сезонски работници. Со измените на Законот за буџетскиот систем ограничено е вработувањето на сезонците во јавниот сектор, па компанијата нема да може да го ангажира локалното население кое со децении ги одржува шумите. Претставници на Војводина шуми за новинарите изјавија дека во тек е пошумување и садење на садници за идната сезона, што без ангажирање на локалното население не е можно да се изврши во најповолен рок кој го диктира природата.

Загреб – Откако во хрватската влада е претставен ребалансот на буџетот, се огласи Европската комисија која од Хрватска бара дополнителни фискални напори. Меѓутоа, премиерот Зоран Милановиќ порача дека Владата не сака радикални мерки кои би го уништиле малиот стопански раст кој е остварен. – Со други зборови, сакаат да убиеме било каков раст? Хрватска нема да биде Грција, што и да мисли ЕК – рече Милановиќ на прес конференцијата.

Брисел – Европската централна банка ЕЦБ ја остави референтната каматна стапка на непроменет историски минимум од 0,25 отсто. Исто тоа го направи и Централната банка на Англија БоЕ, која ја задржа РЕПО стапката на ниво од 0,50 отсто, на кое се наоѓа од март 2009 година. ЕЦБ се воздржа од намалување на каматната стапка откако најновите податоци покажаа дека скромното зајакнување на еврозоната добива на сила, додека инфлацијата исто така покажува знаци на стабилизација, наспроти ниската стапка.

Атина – Стапката на невработеност во Грција на годишно ниво во декември лани порасна од 26,3 отсто на 27,5 отсто, пренесе заводот за статистика Елстат. На месечно ниво, декемвриската стапка на невработеноста е во благ пад, бидејќи во ноември 2013 година таа изнесувала 27,6 отсто. Најмногу невработени меѓу младите се на возраст од 15 до 24 години, иако во однос на декември 2012 година таа стапка падна од 57,1 на 55,5 отсто.

 Берлин – Германскиот производител на опрема за автомобили Континентал за тековното тромесечје предвидува раст на приходите од 3 до 4 отсто, наспроти неповолното влијание на девизните курсеви. Како што пренесе Ројтерс, ефектот на валутните курсеви за максимални 4 процентни поени може да ја намали вредноста на оваа компанија. Очекуваниот оперативен профит е поголем од 796,2 милиони евра, колку што изнесувал во првиот квартал во 2013 година, се додава во соопштението.

 Атина – На Грција и треба дополнително време за зајакнување на ослабените домашни банки, изјави неименуван извор од грчкото министерство за финансии. – Бараме уште време за санација на нашите банки – рече тој извор. Централната банка на Грција треба да ги објави резултатите на долго одложуваните стрес тестови над банките, кои имаат за цел да одредат колку капитал им треба на банките за да го решат проблемот со наталожените неплатени кредити.

Берлин – Германската телекомуникациска компанија Дојче телеком во четвртиот квартал лани го зголеми профитот 1,3 отсто, со раст на приходот од 6,5 отсто. Растот е последица на добивањето на нови клиенти во Германија и САД. Бруто оперативниот профит ЕБИТДА на овој оператор во тој период изнесувал 4,06 милијарди евра (исклучувајќи ги вонредните ставки), што сепак беше под очекувањата на аналитичарите (4,14 милијарди).

 Париз – Стапката на невработеност во Франција во четвртото тромесечје во 2013 година падна 0,1 отсто, на 9,8 отсто од активната популација. – Во првата половина на 2011 година за прв пат се случи пад на стапката на невработеност, што е во согласност со очекувањата на претседателот Оланд, невработеноста да почне да се намалува кон крајот на 2013 година – прокоментира за извештајот на ИНСЕЕ францускиот министер за труд Мишел Сапен. Неговиот став доаѓа во момент кога САД повикуваат на изолација на Русија и ограничување на стопанската соработка со Москва, поради состојбата во Украина. БД во Русија поседува пакет акции на Росњефт од 20 отсто, пренесоа светските медиуми. Росњефт има добри резултати во оваа година и тоа е голем дел од неговото портфолио, рече Дидли, кој претходно имаше сложени односи со руската страна во текот на работењето во Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП