2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony ја продаде централата за 112 милиони евра

Sony ја продаде централата за 112 милиони евра

sony-office-alex-kidman

Јапонскиот гигант во секторот на електрониката, „Sony“ ја најави претстојната селидба од поранешната централа во Токио во соседна зграда.

Причината за ова е постигнатата спогодба со „Sumitomo Realty & Development“ за продажба на земјиштето и зградата во вредност од 16.1 милијарди јени (112 милиони евра). Од групацијата прецизираа дека операцијата ќе се одржи во април.

„Sony“, освен профитот за првиот квартал на тековната 2014-2015, како резултат на вонредна добивка планира да добие и 10 милијарди јени (70 милиони евра).

Продадениот имот се наоѓаат во близина на станица Шинагава, во јужниот дел на главниот град, каде што беше седиштето на „Tokyo Tsushin Kogyo“, претходното име на „Sony“, една година по основањето на компанијата во 1946-та година од Акио Морита.

Централата на Sony е на друга адреса речиси седум години, исто така во реонот на Шинагава, но од другата страна на станицата, и затоа веќе не им е потребна нивната историска зграда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП