26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Кина го поразува светот?

Како Кина го поразува светот?

made1

Приказната за огромниот подем на кинеската економија на сите, и тоа како, им е позната, а како клуч на нејзиниот успех често се наведува евтината работна сила.

Главниот експерт на Банките на Америка за Кина, Дејвид Куи, неодамна објави извештај под наслов: „Не толку тривијални факти за Кина“, полн со изненадувачки податоци за масовноста на кинеското производство.

 

Еве неколку детали:

 

1.Во Кина годишно се произведуваат 109 милиони клима уреди, односно дури 80 проценти од светското производство. Кинезите на илјада жители произведуваат по 81,1 уред, што е речиси 17 пати повеќе од светскиот просек кој изнесува 4,8 уреди на илјада жители.

klima2

2.Податокот дека во Кина се произведува 90,6 проценти од компјутерите е малку шокантен. Секако, за многу од тие уреди не би ни помислиле, бидејќи на вашиот компјутер стои логото на американската компанија „HP“, или тајванскиот „Acer“. Сепак, во Кина секоја година се произведуваат 320,4 милиони персонални компјутери, односно дури 238,3 на илјада жители, што е за 40 пати повеќе од светскиот просек.

pc1

3.Штедливите сијалици наскоро ќе станат единствен избор на поголемиот дел од потрошувачите, а 80 проценти од нив, односно дури 4,3 милијарди, се произведуваат во Кина. Кина по жител произведува 3,2 штедливи сијалици, што е за 16 пати повеќе од светскиот просек од 0,2 сијалици по жител.

sij1

4.Секоја година во Кина се произведуваат 51,5 милиони тони свинско месо, односно речиси 49,8 проценти од вкупното светско производство, што и не е толку изненадувачки, поготово ако некогаш сте виделе мени во некој кинески ресторан. Најбројната земја на светот, по жител произведува 38,3 килограми свинско месо, што е речиси шест пати повеќе од светскиот просек од 6,7 килограми по жител.

pig2

5.Кинезите во 2010 година направиле 12,6 милијарди пара чевли, односно 63 проценти од сите произведени во светот. По жител произведуваат 9,4 пара чевли, односно седум пати повеќе од светскиот просек од 1,3 пара.

shoes1

6.Кинезите и во производството на цемент се далеку пред остатокот од светот. Годишно по жител тие произведуваат 1.390 килограми, што е шест пати повеќе од светскиот просек од 221 килограм. Во Кина се прави 60 проценти од светското производство на цемент, односно 1,8 милијарди тони.

cement1

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП