18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYahoo ќе ги блокира Google и Facebook

Yahoo ќе ги блокира Google и Facebook

yahoo google fb

Откако пристигна на челната позиција на „Yahoo“, Мариса Мајер значително го промени начинот на кој „Yahoo“ како компанија функционира.

Најновите промени се однесуваат на начинот на кој во иднина ќе може да се пријавувате на сервисите на „Yahoo“. Досега како „Yahoo ID“, можеше да се користат и оние од „Facebook“ или „Google“, но во иднина нема да биде така. Најновата одлука е да се отстрани поддршката за „Facebook“ и „Google“, т.е. да се овозможи пријава на сервисите на компанијата исклучиво по пат на „Yahoo ID“.

На овој начин пријавувањата ќе започнат од понеделник, 10-ти март, а како прва жртва е избран сервисот „Yahoo Sports Tourney Pick’Em“, а истиот рецепт ќе биде применет и за останатите сервиси, но засега не е познато од кога точно ќе стапи во сила оваа одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП