5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапата палачинка на сите времиња (фото)

Најскапата палачинка на сите времиња (фото)

palac1

За да го прослават овогодишниот празник „Дебел Вторник“ на најделикатен можен начин, ресторанот „Opus“ во Манчестер ја изработи најскапата палачинка во светот досега…

„Дебел Вторник“ е манифестација која е дел од „Mardi Gras“ фестивалот. Доколку отидете во ресторан за палачинки, можете да очекувате листа со преливи која е прилично стандардна – сируп, овошје, џем, путер, сирење или уште овошја.

За оваа специјална најскапа палачинка користени се скапоцени преливи од морски плодови, како што се Белуга кавијар, шкотски јастог, „Hulle Verge“ тартуфи и шкотски школки. „Шлагот на тортата“ кога зборуваме за овој престижен доручек е „Dom Perignon Rose Hollandaise“ сосот со кој е сервирана палачинката. Тесто на палачинката е направено со истите состојки како и сите други палачинки.

Идејата за најскапата палачинка му паднала на ум на главниот кувар на овој ресторан, Метју Даунс. За само 20 минути оваа палачинка е подготвена за сервирање, што е доволно време да поразговарате за нејзината цена со вашите пријатели, која всушност изнесува неверојатни 800 фунти.

Единствениот елемент кој ја издвојува оваа екстравагантна палачинка од обичните е тоа што таа се сервира во форма на дебело парче торта, со светло розев прелив.

palac2

palac3

palac4

palac5

palac6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП