5 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Копаоник – Србија ќе потпише договор за кредит од Обединетите Арапски Емирати од милијарда долари за буџетот на Србија и кредит за наводнување од 100 милиони долари. Тоа го најави министерот за финансии на Србија Лазар Крстиќ на бизнис форумот на Копаоник.

– Кредитот за буџетот е на 10 години, без грејс период, со каматна стапка од 2 отсто годишно и ќе може да се обновува, рече Крстиќ.

Белград – Секторот за телекомуникации не најде деловен модел со кој би ја искористиле можноста која ја пружаат апликациите и социјалните мрежи, вели Дејан Љуштина од компанијата PwC. Директорот на консталтинг за телекомуникациската компанија PwC Дејан Љуштина смета дека секторот за телекомуникации е пред голем предизвик, поради зголеменото користење на паметни телефони, таблети и слични уреди, не за класичните потреби како што се телефонирање и праќање пораки, туку за апликациите Фејсбук, Твитер и WhatsApp…

Загреб – Индустриското производство во Хрватска во јануари порасна 2,2 отсто на годишно ниво, по девет месеци постојан пад. Тоа е многу подобар резултат од очекуваниот, објави хрватскиот Државен завод за статистика. Во однос на претходниот месец растот на индустриското производство е уште поголем и изнесува 5,4 отсто. Макроекономистите кои учествуваа во анкетата на Хина, во просек очекуваа пад од 2,5 отсто во однос на јануари 2013 година. Во извештајот на Заводот се потсетува и дека во целата ланска година индустријата ослабела два отсто во однос на 2012 година.

Бијело Полје – Центарот за обука на невработени Азмонт академија, свечено е отворена во Бијело Полје а ќе ја посетуваат над 1.200 кандидати од регионот. Како што се наведува во соопштението, курсистите во текот на следните месеци ќе стекнат знаење за столарски, ѕидарски, водоинсталатерски и други градежни работи, темелени на најсовремената меѓународна пракса.

Подгорица – Црногорско-азарбејџанската компанија Азмонт за неколку дена ќе објави тендер за изградба на туристички комплекс во Кумбор, кај Херцег Нови. Азмонт е инвеститор на тој проект, вреден 500 милиони евра. Извршниот директор на Азмонт Џејмс Вилсон изрази очекување дека барем 70 отсто од пријавените градежни и други фирми ќе бидат од Црна Гора и регионот.

Љубљана – Водечката словенечка пиварница Лашко Група проценува дека нејзините лански приходи од продажбата на производи и услуги изнесувале околу 248 милиони евра. Истовремено приходот од работењето ЕБИТ е околу 21 милион евра. За споредба, во 2012 година групацијата остварила 271,4 милиони евра приход, а ЕБИТ изнесувал 22,2 милиони.

Вашингтон, Москва – Украинската криза и се уште можната воена интервенција на руската војска во некогаш најбогатата република на поранешниот Советски Сојуз може скапо да ја чини Москва. Тоа го оценија економистите од американската инвестициска банка Морган Стенли, кои сметаат дека светското стопанство поради актуелниот конфликт на Москва и Киев, ќе претрпе минимална штета, но веруваат дека со воведување на трговски и други економски санкции од страна на САД и другите водечки западни земји болно ќе го погоди како што велат – слабото руско стопанство.

Москва – Русија подготвува документ кој предвидува конфискација на имот, средства и сметки на европски и американски компамнии во случај на воведување на санкции. Советот на федерацијата Русија, горниот дом на парламентот, подготвува нацрт закон кој предвидува конфискација на имот, средства и сметки на европски и американски компании, вклучувајќи ги и приватните, кои работат на руска територија, во случај на воведување на санкции кон Русија.

– Нацрт законот предвидува такви можности да добијат претседателот и владата за да се заштити нашиот суверенитет од напади – рече авторот на нацрт законот, претседател на Комитетот за уставно законодавство, судски и правни прашања и развој на граѓанското општество, Андреј Клишас.

Москва – Претседателот на Русија Владимир Путин рече дека не сака политичките тензии да ја намалат економската соработка со руските традиционални партнери. Путин сугерираше дека се надева дека ќе биде избегнато влошување на спорот со Запад околу Украина. – Гледаме познати политички тензии, а тоа не треба да влијае на нашата моментална економска соработка. Не треба тоа дополнително да ја отежнува состојбата. Ние треба да соработуваме со сите традиционални партнери, додека е тоа во наш интерес – рече Путин.

Брисел – Европската унија подготви пакет мерки за економска помош на Украина тежок 11 милијарди евра, кој таа земја ќе го добие ако потпише ССП. Тоа го соопшти претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. – Ова е многу амбициозен пакет – рече Баросо за новинарите во Брисел, со објаснување дека се работи за средства за краткорочна и среднорочна стабилизација на Украина, на која освен отцепување на Крим и на други источни региони и се заканува и банкрот.

Париз – Жером Кервијел, поранешен брокер обвинет дека во 2008 година на банката Сошиете женерал нанел штета од околу 5 милијарди евра, тргнал пешки од Рим во Париз. По кусата средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, Кервијел (37) се одлучил пешки да се врати во Париз.

– Тоа е протест поради тиранијата на пазарот, како што рече и самиот папа – наведено е од опкружувањето на Кервијел.

Осло – Влошените односи на Русија и Европската унија поради Украина е невидено добра состојба за Норвешка, вели еден од водечките аналитичари во таа земја богата со гас. Ако Русија поради кризата во Украина го намали гасот на Европската унија, тоа би значело дека неговата цена и обемот на производството ќе се зголеми во Норвешка.

– Тоа е невидено добра ситуација, изјави Џон Олесејн, аналитичар за пазарот на нафта и гас, кој инаку работи за една од најголемите светски консултантски компании.

Берлин – Германската енергетска компанија RWE во 2013 година работела со загуба, првпат во повеќе од 60 години, поради кризата во конвенционалното производство на струја. Компанијата, која постои од 1898 година, во 2013 година забележа нето загуба од 2,8 милијарди евра, покрај отписот на вредноста на конвенционалните електрани во висина од околу 4,8 милијарди евра. Оперативниот профит лани бил помал 8,3 отсто и изнесувал 5,881 милијарда евра, додека приходите се зголемени 1,6 отсто, на 54,07 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП